Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Прес 24  вели дека еден од корпусите во предизборната програма на најголемата опозициска партија ќе биде заштита на животната средина Едно од решенијата, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде справувањето со нафтениот коскс.

Знаете ли дека во Македонија 9 фирми користат нафтен кокс од кој дури 5 се фирмите управувани од Заеви или блиски до тоа семејство. Во Македонија само минатиот февруари се внесени 40 илјади тони нафтен кокс и тој е согорен во земјава. Гасифакцијата касни додека граѓаните дишат загаден возду. Е на сите овие проблеми ние ќе понудиме решенија. Ќе понудиме конкретни проекти кои ќе помогнат. И на крај од ова прашање, кога ме прашувате што ги мачи граѓаните нема да ја заборавам свитканата кичма и сменетото име. Тоа боли и пече поради неправдата која и ја нанесоа на државата и поради фактот што државата тапка во место со евро интеграциите – вели Мицкоски на едно од прашањата во интервјуто.

Тој вели дека, доколку стане шеф на идната Влада, првите мерки што ќе ги превземе се дека ќе се откаже од дел од привилегиите кои следуваат со функцијата, ќе предложи на седница мерки за намалување на даноците, што ќе биде објавено во приодот што следи, и ќе предложи акциски план за младите и пензионерите со чии мерки ќе се влијае на подобрување на нивната состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.