Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во Брисел зборувал и побарал од соговорниците, од луѓето кои се дел Европската народна партија како што е Рангел, Мекалистер и Туск, да помогнат на Македонија и македонскиот народ да го добијат заслуженото, а тоа е конечно почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Денеска заврши политичкото собрание на EPP – European People’s Party, на маргините имав прилика да поразговарам со претседателот Paulo Rangel кој доаѓа од нашата сестринска партија од Португалија, разговарав и со господинот Дејвид Мекалистер којшто е претседавач со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент и дел од нашата сестринска партија CDU од Германија.

Сето ова заврши со еден официјален состанок, со претседателот на Европската народна партија тоа е господинот Donald Tusk. Разговаравме за ветото од страна на Бугарија кон нашата Македонија и неправдата која му е нанесена на македонскиот народ, нација и македонската држава, затоа што после толку години, после толку успешни извештаи повеќе од петнаесет години ние сме уште во чекалницата и сме жртви на непринципиелни барања од страна на поедини земји членки на Европската Унија.

Јас не можам да се поистоветам со челниците на СДСМ и да доаѓам овде во Брисел и да ја кодошам нашата Влада или да зборувам лошо, тоа е проблем којшто ќе си го решиме дома, на избори и таму ќе ги поразиме и таму ќе зборуваме за нивниот криминал, корупција и погрешни политики и немањето реформи.

Тука зборував и практично барав од соговорниците, од луѓето кои се дел Европската народна партија како што е Рангел, како што е Мекалистер и конечно Туск, да помогнат на Македонија и македонскиот народ да го добијат заслуженото, а тоа е конечно почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија, објави Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.