Бев во Радовиш, град со многу неискористен потенцијал, но и место кое не го одминуваат неправдите и сиромаштијата донесена од власта. Иако се живее тежок живот, едно нешто се гледа кристално јасно, на 12 април изборот е помеѓу Заев и Македонија. И таа нескршлива волја на народот кој ќе ги порази луѓето од власта не може да се заобиколи со сите рекетирани пари кои власта ги спрема за поткуп, ниту пак нивната надеж дека со лаги ќе може уште еднаш да го манипулираат народот. Секоја нивна розева слика се распрснува пред налетот на суровата реалност, вклучително и онаа дека ќе ги покачувале платите во образованието за само 10 посто, а не го почитуваат колективниот договор од 25 посто. Вината за лошиот живот има име и презиме, се вика Зоран Заев. Затоа заедно со народот ќе се избориме за обнова и таа ќе дојде, ова на својот Фејсбук го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.