Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Радовиш и од тамошните жители ги слушна нивните проблеми. Мицкоски нагласува дека одат на голема победа на изборите и оти народот повеќе никој не може да го излаже.

Бев на состанок во Општинскиот комитет Радовиш и Месниот комитет Злеово. Народот е одлучен, народот е против криминалот, неправдите, сиромаштијата. Желбите за корумпирање на власта со црните рекетирани пари и разно разните хушкачи се однапред промашена работа. Овој народ повеќе не може да се излаже. Одиме на голема победа. #ОбноваНаМакедонија-напиша Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.