Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во Припел, каде што одржа состанок во општинскиот комитет во Прилеп.

Салата беше претесна да го прими народот кој во ВМРО ДПМНЕ гледа шанса и надеж, што за мене е најголема обврска и должност. Народот е револтиран затоа што денес во Македонија владее хибридниот режим на Заев. Први сме како држава само по корупцијата која не го одминува ниту Прилеп. Нема ниту едно ветување кое го исполнија, а само рекетот и криминалот тој кој расте. И едно е сигурно дека не се може повеќе вака. Потребна е работа, исправена кичма и чест. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе биде на вистинската страна, на страната на обновата, на страната на Македонија!, порача Мицкоски од Прилеп.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.