Денес заедно со потпретседателот Александар Николоски  и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Игор Г. Николов во Париз остваривме средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство – напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој појаснува и за што се разговарало:

На средбата разговаравме за актуелните теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.

Ја афирмиравме заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбира итни реформи кои ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната Влада.

Ја потенцирав цврстата определба за бескомпромисна борба против криминалот и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласив дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните. За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, додадов дека потребно е ослободување на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.

Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана на принципи и вредности.

Нагласив дека се залагаме за стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка – напиша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.