Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва оствари средба со граѓаните на Неготино, а главна тема на разговорот со неготинчани била денешната пресуда што ја донесе „Кацарска судството“, со која 16 лица обвинети за „27 април“ се осудени на вкупно 211 години затвор.

Денес на дело го видовме заевизмот. Иако тие мислат дека со својата бруталност со неправдата која денес ја направија со луѓето од 27 април внесуваат страв, тие всушност докажуваат дека се во паника и никогаш не биле поочајни како сега. Видовме денес како судството и обвинителството испорачаа она што им било речено да испорачаат, а нарачателот е во зградата на Владата каде диктира пресуди. Затворски казни високи повеќе од 2 века не може да донесат правда, тие може да донесат уште поголема поделеност на општеството, а за тоа директно виновен е заевизмот. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека драконските казни нема да ги смират страстите во редовите на СДСМ, ниту пак дека власта на овој начин ќе демонстрира моќ, туку напротив со ова ја покажуваат својата немоќ и страв бидејќи ја губат власта пред своите очи.

И ако мислат дека со вакви драконски казни дека ќе ги смират страстите во своите редови, дека ќе донесат некакво сладострастие, дека ќе демонстрираат моќ, тие всушност покажуваат немоќ, исплашени се зошто го губат тлото, ја губат власта. 211 години затвор за луѓе дел од нив патриотски потикнати, а другиот дел полициски службеници кои биле единствените кои реагирале тој ден, е неправда, рече Мицкоски пред неготинчани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека се наоѓаме на клучната крстосница и дека мораме да се избориме за правда, иднината на државата е во рацете на народот.  Излезот од ваквата состојба вели Мицкоски, е во победата на претседателските избори кои се неповторлива шанса за пораз на заевизмот.

Победа на правдата, победа на Гордана Силјановска Давкова и потоа победа на предвремените парламентарни избори.

Мора да се избориме за правда. И се наоѓаме можеби пред најважната крсосница досега. Затоа татковината Ве повикува. Излезот е во победа. Победа на правдата, победа на Гордана Силјановска Давкова за претседателка за Македонија и победа на предвремените парламентарни избори. Овде се работи за Македонија и она што сакаме да го видиме. Иднината е во рацете на народот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.