Луѓето од Мокриево Ново Село живеат лошо. Нема човек кој се занимава со земјоделие, а да не се жали. Се она што беше ветувано од власта сега го заборавија. Оваа власт единствено стана рекордер по криминал, сиромаштија и назадување.
И како да ова не беше доволно, власта сега им наметнува нов проблем на жителите на општината неоткажувајќи се од намерата за отворање на рудник.
Ние сме против отворањето на рудникот во овој крај, кој доколку се случи тоа и помине манипулацијата која ја прави власта ќе биде на штета на овие граѓани пред се на нивното здравје, и самиот начин на кој се турка оваа идеја се прави на начин кој не е честит и не е коректен.
Потребна е правда и честитост и тоа е нашата битка, да обезбедиме правда за сите граѓани и напредок, ова на својот Фејсбук профил го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со жителите на Мокриево.
Мицкоски се сретна и со жителите на Сушица, Ново Село. Кои му пренесоа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека луѓето во ова место се борат со тешкото секојдневие.
Бев во Сушица, Ново Село. Се видовме со жителите кои збореа за нивната мака. Тука нема ништо од она што Заев така гордо го изјавува дека како земја сме блескале. Народот овде се бори со тешкото секојдневие. Овде блеска само сиромаштијата во која ја потона Македонија. Земјоделците се чувствуваат измамено, нема ништо од ветувањата на оваа власт. А ветуваа зголемена поддршка, пласман кој ќе е сигурен, зелена нафта, бенефициран стаж и што уште ли не. И за се излажаа. Затоа треба да се казнат а таа казна ќе се испорача на наредните избори кои не се само избор за претседател туку и избор од кој зависи во кој правец ќе се движи нашата земја. Македонија ќе победи, ќе победи правдата и вербата во принципи, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.