На Македонија и треба премиер кој ќе споделува вистински европски вредности, а не прикриен афрички монарх. Зората ќе ги победи тие црнила, и тоа ќе биде победа на Македонија и нејзините граѓани, порача од Крушево Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во посета на градот.

„Денеска бев во Крушево. Граѓаните таму ми велат власта не посетува само на избори, или ако треба да пратат делегација за одбележување на Илинден, во целиот останат период градот и општината се заборавени. Крушево станува раселен град, а луѓето кои останаа ги живеат црнилата како и сите станати граѓани од државата. Згора на тоа ја покачуваат цената на лебот и од власта со неподнослива ароганција велат бидете среќни поскапува само најевтиниот леб, како да граѓаните претходно купуваа само најскап. Се креваат даноците, и вистинска лага е дека ќе земаат само од богатите, туку ги опфаќаат сите граѓани. Земјоделците, професорите, интелектуалците, оние кои живеат од киријата од некој наследен објект, просторија, оние кои со мака заработуваат преку авторски труд, некаква самостојна дејност. Сега ќе оди повеќе за државата, за нивниот комодитет, додека граѓаните од тоа не гледаат ништо. Туризмот во Крушево се уништува, нема ниту една инвестиција на тој план, додека подеднаква мака останува фактот што младите се иселуваат од градот. Празни улици, празни куќи. Велат си одат затоа што не ја гледаат иднината. Мора да се гради иднина токму овде, во Крушево. Да им се помогне на луѓето преку инвестиции, обезбедување на сигурност, иднина. За да се случи тоа мора да се победат црнилата на власта. На Македонија и треба премиер кој ќе споделува вистински европски вредности, а не прикриен афрички монарх. Зората ќе ги победи тие црнила, и тоа ќе биде победа на Македонија и нејзините граѓани“ напиша на фејсбук Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.