Во Кичево имаме можност да демонстрираме обединување за какво ви говорам цело време, да се обединиме Македонци, Албанци, десни и леви, стари и млади околу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Александар Јовановски кој е извонреден човек, хуманист, посветен родител и решение кое ќе донесе резултати во Кичево. Тој е човек кој обединува и кој ќе работи подеднакво за сите. Локалните избори се пред сè избори каде личноста треба да е во преден план. Излезете и гласајте масовно за Д-р Александар Јовановски, кој ќе биде вашиот глас и вашиот човек во општината која ќе работи за вас. Знам дека Кичево знаело да се обединува кога требало, ова е тој момент! Повикувам сите да гласат за опција која ќе донесе сигурни резултати. Бројот 7 носи промени за нова иднина.
#СоздадиНоваИднина, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.