Ова е можеби одлучувачкиот момент, ова не се обични избори и покрај тоа што можеби се најразлични од сите во независна Македонија затоа што се случи Ковид – 19 што го зафати целиот свет, порача вечерва лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Кичево.

Тој додаде дека поради некомпетентоноста и калкуланството на нашата влада, како што подвлече, ситуацијата со вирусот трае подолго кај нас и Европа ги затвори границите за македонските граѓани.

Џабе ни е безвизен режим и сето она што го правевме во изминатите годинини. Тоа дополнително треба да не мотивира на 15 јули да се обединеме, да излеземе, да се заштитиме а потоа да ја поддржиме Македонија, рече Мицкоски.

Ние, потенцира тој, дојдевме до овој 15  јули и само за 30 месеци, за само 2,5 години успеавме да урнеме ненародна власт предводена од ова раководството на СДСМ и Зоран Заев.

Две недели не делат до рекордна историска победа, што ќе ја донесе нашата Макеоднија, онаа Македонија за која што сонуваме, што ќе биде европска Македонија и богата, Македонија што ќе биде мајка за сите без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се политички определени или неопределни, сите оние што се чувствуваат обесправени, излажани, измамени, ќе ги прибере под еден кров. Таа е онаа Македонија што ние ќе ја добиеме после 15 јули, а после 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме државата затоа што во пепел ќе ја наследиме, рече Мицкоски во Кичево.

Нашaта крајна цел е Македонија, потенцира лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, колку таа битка е посложена и потешка, толку нашата цел е поголема и затоа, истакна тој, сите заедно да се обединиме рамо до рамо Македонецот и нашите сограѓани од другите етникуми, кога биле најпотребно се обединувале и се спротивставувале и на многу помоќен противник од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.

Петнаесети јули е победнички датум и ново ослободување на нашата татковина од прангите што ги наметна ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, рече меѓу другото Мицкоски.

Деновите што следат, говореше Мицкоски пред кичевци, ќе дојде некој од СДСМ и ќе ве убедува дека можат, да можеа, но тоа, нагласи тој, е минато завршено време.

Средба со жителите на Кичево, 01.07.2020

Средба со жителите на Кичево, 01.07.2020

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 1. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.