Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и караванот на „Разговори за обнова на Македонија“ денеска беа во Кавадарци, од каде лидерот на најголемата македонска партија порача дека народот е едногласен и одлучен, а обновата доаѓа.

Обновата не е само градба, туку и промена на начинот на однесување на политичарите. На Македонија ѝ е потребна обнова, за да се избориме за вистината, правдата, принципите. Да ги скршиме лагите и неоправданите надежи кои ги носи власта, лажното покачување на платите на наставниот кадар, пензиите кои ги кратеа, а ги покачуваат половина од скратеното, да ги поразиме оние кои ни ги донесоа сите порази, порача Мицкоски пред граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.