Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска е во посета на Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово каде што пред граѓаните ќе ја презентира програмата на партијата пред одржување на парламентарните избори кои се закажани за 15 јули.

Денеска сме овде во Гевгелија. Денеска е ден каде што ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето кои што го живеат ова секојдневие во Македонија.

Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти кои се наменети за овој крај, но и наменети генерално за целата држава во следниот 4 годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, тие ценат дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од три години

Цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година.

Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.