17 октомври е денот кога завршува концесијата, 17 октомври е денот кога завршува трпението на ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија.

17 октомври е денот денешен кога јас овде пред вас стојам и ви велам придружете ни се од денес да изгрее она вистинското сонце на слободата во Македонија да си ги победиме на следните предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Не очекувајте дека овие арамии, додаде Мицкоски, овие камиказа политичари сами по себе дека ќе заминат.

Ни треба обединување ни треба улицата ни требаат плоштадите треба да се помине секој дом на нашите сограѓани да им кажеме дека ние сме поинакви дека ги научивме лекциите од минатото дека можеме поинаку, затоа што Македонија, затоа што ние, затоа што тие заслужуваат поинаку.

Само така можеме да успееме и никако поинаку од денеска 24 часа на ден ве молам нашиот дом ќе биде плоштадот улицата вратата на нашите соседи на нашите сограѓани ширум цела Македонија. 17 Октомври е денот кога заврши трпението на ВМРО-ДПМНЕ од денеска ќе се сетат и а 1892 и на причините зошто таа 1892 е важна, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.