Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир. Тој рече дека СДСМ води национален проект на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови.

(фото: ВМРО-ДПМНЕ)
Мицкоски посочи дека според „Транспаренси интернешнл“ Македонија е падната за 50 места или на 112. место на индексот на корупција што нè сместува некаде со Танзанија и Етиопија. Мицкоски зборуваше и за судските процеси.

(фото: ВМРО-ДПМНЕ)
Ќе се појави некој сведок кој ќе каже дека ВМРО-ДПМНЕ била ваква или таква и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка организација за да им се даде потоа правен легитимитет на овие структури да можат да нанесат удар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да ја забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот што го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата, рече Мицкоски.

(фото: ВМРО-ДПМНЕ)
Мицкоски рече дека имало притисоци и закани за губење на работните места.
По првиот наш протестен марш пред Владата минатата среда, кај 15 луѓе кои сосема случајно учествувале и биле присутни на тој марш, во 6 утрото имало рација од страна на МВР. Денеска истото се случува ширум Македонија. Имаме докази за претреси во Велес, Охрид, и тоа повторно со наоружани припадници на МВР, кои им ги одземаат нивните лични предмети, рече Мицкоски.

Тој го спомна скандалот со новото прислушкување на судиите и јавните обвинители и притоа праша како може да им се верува на нив и во нивната независност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.