Бев во Берово и Беровско, во селото Будинарци каде масовно се прославува празникот Пресвета. Младите немаат перспектива, младите масовно се иселуваат. На малешевскиот крај му се заканува за жал судбината на веќе иселениот мијачки крај, на многу места во Битолско и другите краеви на Македонија кои веќе во целост се иселени. Младите не ја гледаат перспективата, и затоа се иселуваат, а животот кој толку многу го ветуваа никако да се случи. Луѓето кои веќе живеат таму се незадоволни од она што го живеат и чуствуваат, овде розевата слика која ја креира владата не поминува. Се живее тешко и очајно, затоа се потребни промени. Потребни се резултати и успеси, ова на Фејсбук го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцирајки дека на малешевскиот крај му се заканува за жал судбината на веќе иселениот мијачки крај, на многу места во Битолско и другите краеви на Македонија…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.