Мицкоски: Очекуваме победа во вториот круг, голем број на граѓани се охрабруваат да се спротивстават на власта

Македонија 24.04.2019 / 22:02

Во денешната емисија „Отворено“ на Телевизија 24, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Очекуваме победа во вториот круг, очекуваме повеќе мобилизација и на активистите и на граѓаните, затоа што голем дел од нив во изминативе денови се јавуават и ми велат имате наша поддршка, првиот круг не излеговме затоа што знаеме дека вториот круг одлучува, рече Мицкоски.

Тој порача да се погледнат и слушнат контактните емисии со масовната поддршката од народот.

Мицкоски рече дека луѓето немаат доверба веќе во Зоран Заев, денешната реалност е полициските сили на терен, претрес и упади во домови на луѓе што се блиски или некако се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој излезе со неофицијални информации дека се собираат бизнисмени, сопственици на текстилни компании, беси им држеле определни министри на Владата, а направен бил и упад во дуќаните на нашиот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на инспектори УЈП блиски до семејството коешто денеска управува со Владата.

Се разбира дека очекувам победа во вториот круг, рече Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.