Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при своеото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 го објави меѓународниот договор за примирје каде Бугарија стои како фашистички окупатор.

Заев вчера кажа за бугарски медиум дека Бугарите не биле окупатори и не биле соработници на фашистите, туку биле ослободители и административци и ги ослободиле Крива Паланка, Куманово итн. А, ова пред мене што го гледате е договор за мир кој што е постигнат во 1947 година и е заведен во Обединтетите Нации, кој што сојузниците го имаат потпишано со Бугарија. Од името на сојузниците тој документ е преведен на неколку јазици, меѓу кој и на бугарски јазик. Уште на самиот почеток во документот вели сојузниците СССР, Обединетото Кралство, САД итн. потпишаа договор со Бугарија т.е. другата страна каде што Бугарија во превод е претставена како сојузник на Хитлерова Германија, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во документот во членот 4 пишува дека Бугари во согласност со истиот мировен договор се има обврзано да преземе мерки со кои што ќе ги распушти и ќе ги реши сите организации од фашистички тип на бугарската територија. Без разлика дали се политички, воени, паравоени.

Во членот 21 од договорот Бугарија е обврзана да плаќа репарација затоа што окупирала територии од поранешна Југославија. Се подразбира на денешна Македонија. И конечно на крај овој договор кој што има околу 30 страни е потпишан од сите кои што учествуваат во неговото креирање. Кои се тие? Еве, од името на СССР, од име на Обединетото Кралство, од името на САД, Австралија итн., рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа се факти, за тоа веќе не треба да се говори и преговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.