Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари повеќе средби по Конгресот на ЦДУ-ЦСУ. Тој на својот фејсбук профил напиша:
Имав средба со германскиот пратеник и заменик координатор на парламентарната група на ЦДУ-ЦСУ во германскиот Бундестаг задолжен за надворешни работи, одбранбена политика и Советот на Европа, Јохан Давид Вадефул. Разменивме мислења за состојбите во Република Македонија и европските перспективи. Македонија ја има поддршката од пријателите кои ги поддржуваат нашите определби за борба против корупцијата, реформите за подобар живот и имплементација на европските стандарди. На Европа и требаат земји со решени внатрешни прашања и состојби, а не влади кои се потопени во корупција, криминал и поделби. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори за повисоки стандарди и промени. Обновата доаѓа!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.