Речиси пред две години Зоран Заев вети дека почнуваат со градба три капитални проекти: Нов клинички центар, нов автопат Скопје – Блаце и градба на Чебрен и Галиште. СИТЕ ТРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ, објави на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Две години потоа епилогот е ваков: на местото каде требаше да има клинички центар зјае празна ливада, автопатот Скопје – Блаце е заглавен во бирократските лавиринти, а од Чебрен и Галиште сме далеку колку државава водена од Заев од ЕУ. Но, сето ова не е пречка Заев повторно да ги ветува овие проекти кои нели само што не почнале да се градат. Разликата е што поминаа две години во чиста лага, а Македонија тапка во место. Затоа, време е да се смени власта, да се поразат лагите за Македонија да оди напред!.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.