За да донесе одлука за оставките премиерот Зоран Заев во тв-дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повтори дека ќе ги чека нодите од истрагата на пожарот во Тетово.

Иако одговараше на прашања за трагедијата во Тетово, каде изгоре модуларната болница и загинаа 14 луѓе, Заев рече дека во услови на пандемијата, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, се справувале со сериозни предизвици. Заев рече дека кога ќе ги знае сите детали за случајот, ќе ја донесе конечната одлука.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека веднаш побарале оставки за да спасат човечки животи.

Тие таму отишле за здравје, а за жал ги вратија во поинаква состојба, рече Мицкоски и побара прво морална, а потоа и кривична одговорност ако се потврди дека има.

Претпоставувам дека ги слушавте криците од таа модуларна болница. Јас сум шокиран од изјавата на премиерот, кој рече дека таа работа била банална, рече Мицкоски, а на заберелешката на Заев дека сме го избегнале италијанското ковид-сценарио Мицкоски додаде:

Ние одамна сме го поминале италијанското, а сега одиме кон авганистанското сценарио затоа што се случи живи луѓе да горат, му одговори Мицкоски на Заев на забелешката дека ВМРО-ДПМНЕ политички ја злоупотребува трагедијата.

Болниците од модуларен тип се изградени со цел да се избегне италијанско сценарио и преполнување на болниците. Ако место споменици се правеа болници претходно, немаше да има потреба од модуларни болници, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.