Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ бара да почне системот да функционира за да се спасат животи на граѓаните, а ако власта на е кадарна, да си поднесе оставка.

Според Мицкоски, Македонија се соочува со огромна здравствена и национална катастрофа.

Само денес 383 новозаразени, додека седум животи згаснаа поради ковид-19, тоа се седум семејства кои изгубија свој близок, седум места помалку на трпезите во седум семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денеска секој четврти кој се тестирал за ковид-19 е позитивен, пишува Мицкоски во статус објавен на Фејсбук.

Лидерот на опозицијата прашува што направи Владата?

Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи. Неспособноста на Владата чини животи. И една порака до челниците на Владата кои делуваат како мафија: украдовте избори, делевте картички, парите на народот ги трошевте додека сите нѐ задолжувавте, брутално крадете, нема гадост која не ја направивте и работа за која не излажавте, сето тоа не придонесе да се решат проблемите, вие тие проблеми ги создавате.
Имате две опции, или системот мора да профункционира за да се спасат животи или оставки веднаш. Животите се прескапи за мафијата толку евтино да си игра со нив, смета претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа. Само денес 383 новозаразени, додека 7…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 11 October 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.