Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.
Вечерва бев во посета на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода и таму секогаш најубаво може да се почуствува енергијата на народот и неговото пулсирање за најважните теми.
, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Еден човек ми рече, ајде што црна ни е живеачката, и околината во која живеат нашите деца уште го прави поцрно ова време, убиства на улиците, криминалци на слобода, револвераши кои нашата населба и малаата ги претвараат во места како дивиот запад.
Живееме во време каде власта го прислушкува обвинителство и судство, каде имаме нарачани пресуди во духот на „Кацарска судството“, нарачани обвиненија во стилот на „Русковска обвинителството“, а од поново цреме и нарачани сведоци кои треба да го компромитираат ВМРО-ДПМНЕ,и така мислат дека ќе не укинат како партија, и така лажно се надеваат дека помалку ќе се збори за нивниот криминал и нивниот срам со изневерените очекувања и лажните ветувања. Така мислат ќе биде и помал оној столетен срам и болка која и ја нанесуваат на овој народ со промената на името и Уставот на земјата.
Но, нема прогон, нема притисок кој може да го покрие она што станува заштитен знак за оваа влада, црнилата. Црнила преку промена на името, црнила преку уништената економија, ценила преку покачените даноци и корупцијата која цвета.
Кисела Вода знаела и умеела да се спротивстави на неправдите, така ќе биде и сега. Ќе изгрее зората и Македонија ќе победи, стои во статусот на Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.