Кога станува збор за овие политичари се е можно, мене ќе ме чуди ако не е така. Но, не е тоа суштината. Ќе се согласите дека суштината е сосема нешто различно од тоа што не е обелоденето во јавноста. Или вака популарно кажано пред завесата, позади завесата е сосема нешто поинакво од тоа што на јавноста и се претставува како договори 5+1, 12-3, 6+2 итн. а, тоа го кажува и самиот Османи на брифингот со новинарите на крајот од минатата година кога рече дека за две прашања не успеаја во декември месецот да се договорат со нашиот источен сосед. Првото било прашањето за јазикот, а второто е прашањето за идентитетот односно македонскиот народ, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека токму овие две клучни прашања се дел од Резолуцијата на бугарскиот Парламент која што е донесена околу 2019-тата година.

Се останато кое што и се сервисира на македонската јавност, на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија е парада, фолклор. И во обид на овие политичари да го дивергираат вниманието од суштинскиот документ, суштинскиот документ е Резолуцијата на бугарскиот Парламент која што потоа е потврдена од самата бугарска Влада во која што се негира македонскиот јазик, се негира македонскиот народ, антропологијата на македонскиот народ, култура, посебности, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сето ова претставува сериозен проблем за државата додека Бугарија инсистира на ова.

Не знам кој политичар повеќе се бори и кој повеќе гласно говори за проблемот, и тоа не го правам за да и се допаднам на таа јавност која мисли дека така треба, туку едноставно тоа го правам бидејќи така е исправно. Ако не сум сметал дека тоа било исправно без разлика би ги кажал своите аргументи и немало така да постапам. Тоа го правам за тоа што ценам дека тоа е исправно, и дека во 21 век ние да зборуваме за нациолромантични теми од пред неколку века е бесмислено. И дека практично оние вредности кои што заедно треба да ги споделуваме со нашиот источен сосед нема никаква врска со 18-ти и 19-ти век, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија има најголема одговорност и логично е да е најгласна и така ќе продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.