Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека тоа што се случуваше во Брисел е само резултат на погрешните политики што се случуваа во Република Македонија изминатиот период, политки чиjшто репрезент практичнo е владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Контиунирано се правеа грешки изминативe три години по ред. Никако не можеше да ги видат знаците коишто стоеја покрај патот дека практично во овој момент се случи тоа што се случи, а се случи она што ние не го очекувавме нормално се разбира, иако постоеја тие знаци, а тоа е да не добиеме покана за отпочнување на прегововори со ЕУ, истакна претседателот Мицкоски во своето гостување во „Клан дебата“.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ алармирало дека според последните информации коишто ги добиле е дека безусловен датум за отпочнување на преговори е невозжна мисија.

Сега треба да се насочиме кон условена варијанта од датумот за отпочнување на преговори, а многу веројатно ако останеме надвор од процесот, е и да не добиеме датум, што впрочем и се случи на состаноците во Брисел минатата недела, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.