„Не, прашањето за поддршка и не поддршка на онлајн гласање е прашање дали поддржувате кршење на Уставот или не. А, нашиот став од сам почеток уште од кога јас сум претседател еве и овие три години е дека не поддржуваме кршење на Уставот и неуставни творби нема да поддржиме, вклучително и онлајн гласање“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Мицкоски додаде дека Парламентот има 120 пратеника во одреден момент и некој од пратениците да може да биде отсутен и да не биде отсутен, тогаш Парламентот може да заседава и со 117, 116,115 пратеника.

„Ние не сме доведени во ситуација да не можеме да формираме мнозинство во Парламентот од 61 пратеник. Кога тоа ќе се случи тогаш би размислувале за некои други варијанти но не и кршење на Уставот. Ќе ве потсетам пред изборите токму овие од владиното мнозинство не повикуваа да го кршиме Уставот и во ек на пандемија, вонредна состојба да се вратиме назад во Парламентот. Тогаш Парламентот можеше да заседава без онлајн седница. Лицемерие е. Не треба ние да бидеме лицемерни и не треба да гледаме низ призма на интересот тесноградо како нашите партиски интереси бидат што повеќе задоволени или незадоволени. Треба да се држиме до принципите. Принципот во нашиот случај е дека нема да поддржиме никако прекршување на Уставот и нема да поддржиме никако седница која што би била спротивна на Уставните начела какомшто е онлајн седницата“, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.