Немојте да очекувате од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции да емитува снимени разговори. Но, сето она кое го поседуваме ќе го доставиме до МВР, до органите на прогонот каде што ќе има доверба, па тие натаму нека си процесуираат“, истакна лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за МРТ.

Бојан Јовановски вели „погледнете ги снимките од надзорот во мојата куќа и ќе ви стане јасно каде завршила ташната“. Дали од тој ден до денес сте слушнале некој да се позанимава со таа тема? И ние зборуваме се бореле тие против режим. Каков режим? Па поголем режим од ова нема. Имате пример на спрега помеѓу власт, обвинителство, судство-молк.  Никој денеска не го поставува прашањето дали Рускоска ги прегледала снимките и дали навистина таму е одговорот каде завршила ташната „Луј Витон“. Зошто никој тоа не го прегледал? Има индиции, во јавноста излегоа написи дека некој од владата го предупредил Бојан Јовановски дека бизнисменот Јордан Камчев пријавил за случајот. Кој е тој од владата, го прашал ли некој Јовановски кој го предупредил – праша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.