Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема информации дали Заев ги прифатил сите барања на Борисов во замена бугарскиот премиер да лобира во ЕУ за победа на СДСМ на изборите. Но, нагласува дека се јасни позициите на нашиот источен сосед.

Јас не би сакал да верувам, но поучен од минатото кога се споменуваа жици, кога се колневме во најмилото, а потоа ги менувавме нашите ставови како налагаа политичките прилики и личниот и партискиот интерес, така можам да заклучам и сега дека нема да ме изненади доколку ја има можноста Зоран Заев да одлучува по тие прашања да ги прифати буквално сите позиции кои што се наметнати од страна на нашиот источен сосед. Но, сепак повторно ќе кажам тоа е на ниво на информации и шпекулации, доколку е тоа вистина тогаш треба самиот Зоран Заев да излезе дали тоа ќе биде повторно со некоја жица која што е гитара или нешто друго, тој треба да ви одговори. Но за жал искуството во минатото го демантира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.