Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

 23 Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и независна Република Македонија. Истрајноста на тој идеал за слобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме. Наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа борба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо поразите и уназадувањето. Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас силно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде.

Нека е честит празникот.

Нека е вечна борбата за Македонија.

Нека е жива Македонија, стои во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.