Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во централниот дневник на Сител, одговарајќи на прашањето дали би седнал да разговара со власта за да се изнајде национален консензус за прашањето со Бугарија, изјави дека и покрај тоа што предупредувал да не се потпишува договорот, власта го потпишала.

Мицкоски е дециден дека нема цена која ќе го натера да прифати дека до 1945 година Македонците биле Бугари и дека македонскиот јазик бил бугарски.

А, за што да разговараме. Отидоа таму потпишаа договор каков што мислеа дека треба да го потпишат. Им велевме да не потпишуваат таков договор, зашто само политички аматер може да ги стави историските настани на Балканот на дневен ред за да може државата да напредува кон Европската Унија. Го ставија тоа, мислејќи дека така сите ќе им донесат букет рози, а еве до каде дотеравме, денес да бидеме блокирани. И, за што да седнеме да разговараме, за да ни кажат тоа е тоа, ако сакаме Европска Унија треба да прифатиме дека до 45. сме биле Бугари, дека македонскиот јазик бил бугарски итн. Јас тоа не го прифаќам и нема цена за тоа да го прифатам. Не сакам за тоа да разговарам – истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.