Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција зборуваше за „Рекет” зборуваше и за поканата од премиерот Зоран Заев да се одржи лидерска средба.

-Гледам дека Заев повикува на лидерска средба во петок, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес е потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени парламентарни избори. Тоа е така затоа што и покрај оние стенд-ап настапи во Владата и покрај она себехрабрење кое го кажува Заев дека е подготвен да излезе секогаш на избори, самиот тој е соочен со сопствениот страв од дебакл на такви избори, а потоа како што напишав во една колумна, секој што си дробел тоа и ќе си срка, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека тој беше првиот кој го повика премиерот да соработуваат за датум за избори.

-Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од власта? Ја отфрли понудената рака и одговори со прогонот врз актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Како да имаме средба со така дијаметрално спротивни ставови? Ја информирам јавноста дека работни групи составени од ВМРО-ДПМНЕ и работни групи кои ги предложи СДСМ веќе интензивно работат на закон за ЈО иако ставовите се дијаметрално спротивни. Една од црвените линии беше Катица Јанева, гледаме за неа денес веќе не се ни дискутира, рече Мицкоски.

Тој додаде:

– Нема потреба да сум на средба каде ќе се зборува за се освен за најважното, датум за предвремени избори, вели Мицкоски околу лидерската.

Додава дека Заев се плаши од дебакл на тие избори.

– Работни групи од ВМРО-ДПМНЕ и работни групи кои ги предложи СДСМ работат на законот за СЈО иако имаме спротивни ставови. Имавме првичен состанок за проблемот, и подолго време високи претставници разговараат, а позициите се дијаметрално спротивни, вели Мицкоски.

Мицкоски вели одбројани се деновите на власта и дека треба да внимаваат што прават.

Театар за дефокусирање од вистинските теми не ни е потребен – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.