Не може да се преговара за нашиот идентитет.

Ова е јасниот став  на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија и за тоа што може да се очекува во следниот период во ситуација кога тешко таму ќе се формира влада.

 

Тој вели дека во разговорите што ги има со европските челници им напоменува дека ЕУ треба да испорача а не само да има барања од нас.

Коментирајќи ја изјавата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов дека Гоце Делчев е бугарски револуционер и македонски војвода, Мицкоски смета дека намерата е дека сме Македонци само во регионална смисла.

Кога еднаш ќе ја отворите Пандорината кутија без никакви гаранции тогаш крај нема-додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.