Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва е во Кочани. Градот е зафатен од голем пожар, а Мицкоски вели дека ќе се бори заедно со народот. Мицкоски рече дека не е време за обвинувања, туку дека треба да се делува што е можно побрзо за помош на жителите на Кочани и околината.

-Ги повикувам граѓаните да помогнат. Ова е проблем на граѓани, а не на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, не треба да се политизира. Ќе критикуваме од утре, ќе бараме одговорност од утре, денес треба да помогнеме. Ги повикувам граѓаните, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.