Не треба да ги релативизриаме работите затоа што посебно кога станува збор за верската определеност луѓето се чувствителни и јас не би сакал како политичар дополнително да ја вжештувам таа атмосфера и не би сакал да градам поени. Јас ги почитувам сите верници бидејќи и јас сум верник и го почитувам правото на сите верници поседно на така големи и значајни верски празници како што беа Велигден, Рамазан Бајрам да на начин на кој што мислат дека најпригодно треба да го поминат тој ден да го поминат и тука немам никаква дилема. Тоа што некој од Владата се обидува да го политизира и да префрла политичка одговорност нема да го коментирам, оставам на тие ситни политиканти да се обидат да спечалатт некаков поен и да мислат дека направиле голема работа, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија Клан.

Мицкоски во своето гостуваше посочи дека не постои втор пример во светот каде што полиција интервенира кај свештени лица или кај поглавари на верски лидери или пак верници од едната или другата религија.

На што личи тоа вие да повикувате за литијата во Струга каде што излегле верниците и дури имаме министер во владата на СДСМ кој што вели заболените од Струга кој што патем нема биле како резултат на собирањето на честувањето на верскиот празник и биле ученици во таа литија, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.