Народот заслужува шанса и среќа, а надежта покажана во првиот круг на локалните избори е патот кон промените, смета Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски денеска беше во Ново Село, каде што беше во посета на пазарот каде што разговараше со луѓето за нивните проблеми.

Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот кој неминовно ќе се случи. Затоа што на сите нас заедно волјата и вербата ни се силни, затоа што веруваме во заедничка иднина, затоа што сите заедно гледаме дека ова што се случува мора да се промени и дека силата и клучот се во нас.
Ништо не е посилно од таа надеж, базирана на волјата и моралната храброст на слободните луѓе да одлучат за себе, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.