Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“ на прашањето колку пратеници бара ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од ДУИ, од ДПА, Мицкоски одговори:

Онолку колку што народот со неговата мудрост којашто ја има во годините наназад ќе одлучи да му даде. Ние не бараме бројка, ние нудиме концепт, ние нудиме политики, ние нудиме програма и нудиме иднина, нудиме честитост, чесност, работливост, отчетност и професионално портфолио!

Мицкоски во врска со одговорот на ова прашање порача дека од друга страна ќе биде арамилук, криминал, плантажи со марихуана, бентли политики и луѓе коишто се подготвени да коленичат и да ја виткаат кичмата за да останат на фотелји и да ги уживаат привилегиите.

Народот ќе ја има ова опција и оваа опција, како ќе одлучи мудриот народ, а народот е мудар толку пратеника ќе има – порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.