Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на 24 телевизија истакна дека слоганот на Заев и СДСМ наместо „можеме“ требаше да биде „можевме“ бидејќи за три години не успеа да реализира ниту едно ветување.

Заев имаше три години време, во оваа држава беше премиер и министер и директор, обвинител, судија и претседател на телото за судски реформи, се да направи, да докаже, да не затвори како што вели, сите да не затвори, да ги донесе оние милијарди кои ги ветуваше, да донесе мир, да донесе правда. Да ја каже вистината и за Смилковско и за Младенов и за Нешковски, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека за жал во овие три години господинот Зоран Заев само видовме Луј Витон куферчиња и „трас трас“ судски пресуди.

Така што наместо да работат други работи, требаше да работат за народот за оние кои ги бирале. Затоа наместо можеме, требаше слоганот да им биде можевме, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.