Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања по завршувањето на лидерската средба во вилата Водно, најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи Закон за потекло на сите актуелни и поранешни политичари.

Да видиме како е можно да стануваат просечни или натпросечни бизнисмени, без разлика да е сторен од лице од една или друга опција, дали е независен, рече Мицкоски.

Тој доби прашање дали ќе бара и ревизија на случајот „Рекет“.

Ревизионизам нема да биде политика на ВМРО-ДПМНЕ туку комплетно независно обвинителство и судство. Ниту имам намера ниту ми паѓа на памет таков тип на однесување. Ниту, пак, имам намера да комуницирам со обвинители и судии да правиме некакви ревизорни политики. Но, ги охрабрувам и ќе барам одговорност ако не се работи согласно законите и процедурите, ако не се води транспарентно постапката, а има такви индиции, секој од нив ќе треба да си сноси одговорност – рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.