Се ближи денот кога практично треба оваа неуспешна влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев да замине, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонски Брод.

Нашиот мотив е да го смениме ова мочуриште. Но, имаше и критика. Дека треба сме поодлучни, поцврсти, појаки, сега треба да нападнете, зошто тактизирате. Но, доколку противникот ја дознаеше нашата тактика тогаш немаше да биде така едноставно. Ние молчевме, ги слушавме критиките и си работевме, рече Мицкоски.

Тој вети дека ќе ги зголемат платите за минимум 25 проценти во рок од еден мандат и пензиите минимум 20 проценти, а ќе овозможат 4 милијарди инвестиции од дома и надвор.

За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.