Македонија е предводена од анационална власт која тргува со нашето достоинство, држава во која невини лежат во затвор само затоа што ја сакаат Македонија, бидејќи на властодржците Македонија им е трн во око. Во Македонија под водство на оваа власт крвнички се претепуваат неистомисленици, судските пресуди ги диктира Заев, обвинителството се занимава само со опозицијата која критикува, а преспива на очигледните криминали на власта, врши прогон на медиуми и затвора новинари, стои во Фејсбук статусот на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија, исто така е држава во која за убиство во сообраќајка се добива само условна казна и се затвора мајка на мало дете затоа што легално набавила автомобил за потребите на државата, автомобил од кој не слезе Зоран Заев, а се затвора само затоа што е поранешен функционер на ВМРО – ДПМНЕ – пишува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал.

Затоа – излегуваме на улица да им кажеме дека е доста! – истакнува Мицкоски.

#Македонија 🇲🇰 е предводена од анационална власт која тргува со нашето достоинство, држава во која невини лежат во…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Dienstag, 22. September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.