Во првичната верзија која што СДСМ ја достави до Собранието беше предвидено интегрирање на СЈО во рамките на државното ЈО и таму беше предвидено тогашниот специјален јавен обвинител Катица Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител, т.е. да биде заменик на обвинителот Јовевски, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој гостува во емисијата „Отворено“ на телевизијата „24“.

Мицкоски додаде дека уште тогаш ВМРО-ДПМНЕ велеше дека тоа не е можно, бидејќи не само што се попречуваат сите граѓани на Република Македонија рамноправно да конкурираат, туку и нема логика Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител.

И тогаш знаевме и имавме индиции на она што потоа следеше, а тоа беше случајот „Рекет“, онаа мега корупциска афера, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.