Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот  Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи  Петер Сијарто.

На средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

На средбата Мицкоски се осврна и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската унија. Лидерот на опозициската партија побара поддршка од пријателска Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји-членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите-апсиранти кон ЕУ, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Соговорниците разменија мислења и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од пандемијата.

Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, стана збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес.

Државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.