Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се сретна со жителите од населбата Аеродром.

Тој на својот фејсбук профил напиша:

Бев во посета на скопски Аеродром, место на луѓе домаќини, честит народ.

Разменивме мислења за најважните прашања, и можеше да се види дека нема човек кој не е револтиран од ова што и се случува на нашата држава.

Скопје е разочарано затоа што секаде владее класична измама која власта ја донесе. Незадоволни се лекарите затоа што не ја добија платата од 100 илјади денари кои власта им ја ветуваше, незадоволни се таксистите чии горива постојано растат, стопанствениците кои се мета на рекет од власта и мора да плаќаат зголемени даноци. Измамени се граѓаните на кои им ветуваа мораториум на градбите, а на само десетина метри од владата во овој момент никнува бетонска повеќекатница и огромна зграда.

Ништо не е поинаку и во Аеродром. Се работи за пари, за матни зделки со кои власта ги полни џебовите.

Затоа мора да се случат промени, но за нив мора да се избориме.

Претседателските избори се првиот чекор на пад на оваа власт, тие се чекорот до конечна смена на централната власт.

Да се избориме за правда, за честитост, за подобра и силна Македонија.

Аеродром тоа го може.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.