Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, остварија средба со претставници на иницијативниот одбор на земјоделци од Арачиново и Гази Баба, кои беа погодени од невремето во изминатите години.

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Тие потенцираа дека се работи за околу 250 семејства, чија примарна дејност е земјоделството и нивната егзистенција е нарушена

Претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање, доколку треба да се донесе одредено законско решение пратениците тоа да го предложат, односно да го изгласат.

Од страна на претседателот Мицкоски беше посочено дека е безобразие ова што власта ги влече со години и не им ги исплаќа средствата на име на обештетување, и дека за тоа треба да има одговорност.

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 21 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.