Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, денеска се сретна со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Сузане Шутц, директор за југо-источна Европа и Сабине Штохр, одговорна за ЕУ проширување.

На средбата се заблагодарив за поддршката на Германија кон македонските евроинтеграции, и потенцирав дека заслужуваме да ги отпочнеме преговорите за пристапување кон ЕУ, независно од сите неуспеси на сегашната Влада, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.