Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Како што соопштуваат од партијата, на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.

Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.

Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели.

Денеска остварив средба со помошникот државниот секретар за Европа и Евроазија,Филип Рикер.На средбата разговаравме за…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Montag, 4. März 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.