Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес во Љубљана оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.
Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење.
Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии.
Како лидер на најголемата партија во Словенија, г. Јанез Јанша ја изрази својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.
Во текот на средбата ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.