Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, денеска во канцеларијата на преставништвото на Европската Унија во Скопје остварија работен ручек со европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук, и евроамбасадорот Самоил Жбогар.

На средбата Мицкоски ја потенцираше лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата, соопштија од партијата.


Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви едни услови создадени од власта ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот Жан Моне, ценејќи ја неговата функција, но неоправдувајќи ги методите со кој се служи власта.

Мицкоски посочи дека корупцијата и криминалот останува еден од главните проблеми во државата, како и недостатокотот на правна држава и владеење на право.

Власта создава систем во кој имаме зависно судство, политизирано обвинителство кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите врзани со европската агенда која не е приоритет за актуелната влада.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата, и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.