На народот му е преку глава од погубните политики на СДСМ и тоа ќе го покажат на 12-ти април, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата “Само вистина”.

Македонскиот народ изминатите 3 години е понижен и омаловажен како никогаш досега. Сите лаги и манипулации ќе паднат во вода на денот кога македонските граѓани ќе излезат на гласачките места и еднаш засекогаш ќе го испратат СДСМ во историјата, вели Мицкоски.

-Јас сум убеден во големата победа која што ќе ја оствари ВМРО-ДПМНЕ на 12-ти април. Граѓаните сакаат државата да напредува во сите области, наместо секојдневно да се замајува од политичари кои секојдневно креираат дневна политика само да го протуркаат денот. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што ќе победи на предвремените парламентарни избори и партијата која ќе биде предводник на новата влада на Република Македонија, додаде Мицкоски.

Тој додаде:

На 12-ти април граѓаните на Република Македонија ќе го вратат сопственото достоинство и ќе покажат дека тие се главниот фактор во државата, а не лажни политичари кои се дрзнаа да ги излажат и изманипулираат. ВМРО-ДПМНЕ е е победничката партија која со сите капацитети кои ги поседува ќе се заложи за враќање на Република Македонија на победничките патеки и патеките на успеси за доброто на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.