Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ му порача на претседателот на Владата и на СДСМ Зоран Заев дека со помош на народот ќе го реши најголемиот проблен на избори, а тоа е токму тој.

Гледам дека господинот Заев потрупан со скандали, афери, криминал и корупција повторно се занимава со опозицијата, измислува теми, пушта спотери да отргне внимание, ме прозива. А јас би му порачал дека откако заедно со народот, ќе го решам најголемиот проблем на избори, а тоа е токму тој, веднаш потоа ќе се зафатиме со решавање на сите преостанати проблеми кои тој и неговата неспособна влада ги предизвикаа и не ги решаваат, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.